Никола Груевски: Знаев дека ќе направат некаква глупост

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, повторно се огласи на својата Фејсбук страница каде во дел од објавата стои:

1.Се сеќавате ли кога во 2017 година СДСМ ја превзема власта, како новите членови на владата на чело со новиот премиер Заев и вице премиер Кочо Анушев “на големи ѕвона” објавија и држеа бом бастични пресконференции дека ќе го сменеле системот за давање државна помош

и ќе го направеле многу по транспарентен, a со тоа и привлекувањето на странските инвестиции ќе станало потранспарентно, бидејки според нив дотогаш не било доволно транспарентно. Знаев дека ќе направат некаква глупост. Најавија и направија промена на законите, за кратко време.

На местото на министрите, замениците министри, советниците и директорите задолжени за привлекување странски директно инвестиции, кои едвај успеав да ги убедам да ја напуштат Америка, Велика Британија или други западни земји и компании во кои работеа како Мајкрософт, Хјулид Пакард, Меккензи, Џенерал Електрик, Магна, Сименс, Светската банка, СЕАФ и др.

и со своите семејства да се преселат во Македонија за да со своето искуство, вештини и знаење помогнат на народот и државата, назначија не соодветен кадар од типот на Љубе Бошковски, Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Зорица Апостолски, Зоран Шапуриќ и други аматери во областа на привлекување странски директни инвестиции, добар дел од нив и без солидно познавање на англискиот јазик, а уште помалку вештини за привлекување крупни мултинационални компании.

Не сакам никој човек да го потценам, бидејќи верувам дека секој човек носи некаква вредност во себе, но веќе и резултатите потврдија дека вредноста на овие луѓе треба да се бара во некое друго поле кое не е привлекување нови странски директни инвеститори.

Одкако експресно на почеток на мандатот се навежбаа со веќе легендарното крим инално делење пари за подршка на иновации на семејствата на партиските функционери на власт и роднини на новинари кои под превезот на независни новинари континуирано ги подржуваа,

така навежбани и охрабрени од “почетниот успех“ се префрлиле на делењето т.н. државна помош на компании кои не се само странски туку и домашни, а лани пак почнаа да прават пропаганда од тоа со посетите на Премиерот на фабриките на кои на не транспарентен начин им делеле државна помош…

Еве го резултатот денес.Речиси да нема нова крупна странска инвестиција која ја донела новата власт.

Или станува збор за проширување на старите инвестиции донесени од нас и планирано уште тогаш кога влегле во Македонија, или компании кои ние низ долги и мак отрпни преговори и убедувања ги донесовме при крај на преговорите а во нивно време само се потпиша или се случи инвестицијата.

Паметам дека кога дојде до трансфер на власта, бевме почнале преговори со инвеститори за над 300 нови фабрики, а со околу 60 бевме во длабока или завршна фаза на преговори од кои по доаѓањето на новата власт повеќето се откажаа, а помал дел ја направија инвестицијата.

Новата власт од 2017 година наваму не разви, ниту донесе нови или задржа од старите капацитети за привлекување на нови странски инвеститори, бидејќи очигледно или тоа не и беше приоритет или не знаеше како да го направи. Можеби и двете.

Тоа што тогаш и сега и го прават на Македонија и на народот кој чека да се овозможи подобар живот, да се отворат нови работни места и да порасне животниот стандард е рамно на злочин во овој сегмент…

Зборот “транспарентност” од уста не им излегуваше најмалку 2-3 години потоа, а сега излезе дека зл оупотребувале до крајни граници да државниот завод за ревизија со директори кои самите тие ги поставиле неможе а да не ја констатира ката строфата и крим иналот, за кој никому не му паѓа на памет да превземе одговорност и да одговара за тоа.

2.Веројатно забележавте дека од септември до декември 2022 година Премиерот Димитар Ковачевски речиси секој ден посетуваше некоја фабрика каде државата дала државна помош, односно пари од буџетот за да купат некои машини или слично.

Тоа е резултат на добиените истражувања од анкетите кои сами ги нарачале за нивна употреба и каде виделе што мисли народот за нив во делот на привлекување странски директни инвестиции и отворање нови работни места односно за нивниот учинок за развој на економијата и животниот стандард, па беа решиле да ја посетат секоја фабрика каде државата дала некоја парична помош.

3.Додека сето ова се случува во Македонија, другите земји наместо пропаганда со донирани народни пари брз некои спектакуларно повратни ефекти, нижат успеси со огромни странски директни инвестиции.

Србија на пример веќе апсорбира над две третини од сите странски инвестиции на западниот Балкан. Некогаш ја имаше Македонија како голем конкурент во тие напори, денес веќе нема такви нешто.

За време на актуелната власт во Македонија единствен посериозен напор дипломатската мрежа направи во промоција на ајварот кој го произведува фабрика во сопственост на семејството Заеви. Што им барале, тоа работеле, а очигледно некои дипломати тоа го беа сватиле како можност за умилкување кај тогашниот премиер.

Условите за миграција на работници се повеќе се либерализираат, па колку повеќе македонските власти не се способни да привлечат странски и да им помогнат на домашните инвестиции да отворат нови работни места, толку повеќе граѓаните на Македонија ќе одат таму каде има влади кои тоа добро знаат да го прават.

Земјата неповратно се празни и кога имате неспособна власт, ни членството во НАТО, ни членството во ЕУ ќе ви помогне, колку и да се тие важни за секој потенцијален инвеститор.