Лефков: Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија

Пратеникот Миле Лефков од редовите на ВМРО ДПМНЕ порача:

Почитувани,Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија, да не е претседател и тој би се иселил.Стево Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели, и доколку не би бил претседател тоа и би го сторил.

Да ја погледнеме изјавата на Пендаровски дадена пред нешто повеќе од 4 години.Стево Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата.

И додека тој е претседател, а СДС и ДУИ власт, се повеќе граѓани ја напуштија Македонија, затоа што тука живеат на работ на сиромаштија.Со оваа изјава Пендаровски потврди дека во Македонија со СДС и ДУИ нема услови за живот за граѓаните и оние кои не се на функции поставени од власта.

Оваа изјава на Пендаровски ја отсликува тажната реалност која ја живеат граѓаните секој ден, и кои секојдневно се борат со оваа власт која го накалеми на позицијата претседател.

Сега истиот овој Пендаровски, кој што признава дека во Македонија со него, со СДС и ДУИ нема услови за живот, сака повторно да биде претседател, и да биде причина за иселувањето на нови десетици илјади наши сограѓани.

Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата. Време е да му порачаме на Пендаровски, Македонците повеќе нема да се селат, време е тој да се исели од Водно.