Љупчо наздрави со чаша ракија и порача: Со право велиме дека оваа година е година на сточарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес беше во посета на пелагонискиот дел при што порача:

Имав прилика да го запознаам Јетон и неговата фамилија од село Доленци. Тие се занимаваат со сточарство, имаат фарма со 100 крави од кои 60 педигрирани. Јетон преку Програмата за рурален развој има добиено средства со кои има набавено педигриран добиток.

Од оваа 2024 ги зголемуваме субвенциите за женски грла говеда од 4.000 на 12.000 денари.Ја продолжуваме и мерката кон сточарите во набавка на педигриран добиток, 10 милиони денари по корисник што претставува од 50 до 75 проценти кофинансирање.

Креираме и нова мерка за поддршка во одржувањето на ливадите од 6.000 денари по хектар. Со право велиме дека оваа година е година на сточарството. Продолжуваме да креираме мерки кои даваат резултати во корист на сите земјоделци.

На крајот од годинешниот откуп на тутунот, лично дојдов да им се заблагодарам на тутунарите за успешниот откуп. Нивната обединетост и нашата упорност даде резултат.

Си подадовме рака со тутунарите и наздравивме за добриот тек на откупот на тутунот, и рекордната цена од 365 денари по килограм тутун. Годинешниот откуп го завршуваме со 14.763,8 тони. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките го знаевме до најмала децимала производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството.

Вака се постигнуваат резултати.Со успешна заедничка соработка, која ќе продолжи и во наредните години.