Новак со оштетен вид живее во мрак: Звуците на хармониката одекнуваат низ куќата, му треба помош да ја исполни својата единствена желба

Петнаесетгодишниот Новак Милојевиќ, со оштетен вид од раѓање, има потреба од финансиска и материјална помош за лекување. Живее во долгови за струја која не можат да ја платат и поради која живеат во мрак, пренесува РТС.

Петнаесетгодишниот Новак Милојевиќ живее во трошна куќа, без струја и вода, со својот татко, кој летово се вратил во родното Рударе од Бор. Му се исполни желбата да се запише во пекарско училиште во Прокупље, но има уште една, посилна.

„Сакам да ги излечам очите за да гледам, да можам се, да одам на училиште, да се дружам со другарите“, вели Новак Милојевиќ од село Рударе.

„Многу добро воспитано дете, многу комуникативно, одлично се вклопи, децата добро го прифатија. Спремен е да оди на училиште, да учи, да работи“, вели Данијела Радичевиќ, одделенска наставничка.

Новак е со оштетен вид, речиси 80 проценти. Нему му треба редовно лекување во приватна клиника во Нови Сад.

Мирослав Милојевиќ вели дека без сместување чини 65.000 динари, толку чини само болницата. „Мора да е таму на секои три месеци, таму да се лекува и да се подобри“, вели таткото.

Таткото на Новак, и самиот инвалид, се грижи за својот син од неговата двегодишна возраст, кога мајката на момчето го напуштила. Враќањето во Рудници, без никаква помош и основни услови за живот е секојдневна борба за егзистенција, во која се впуштил решен да му обезбеди на својот син посакуваното образование.

За да се приклучи струјата треба да се подмири долг од околу 80.000 динари. Немаат бојлер, фрижидер, шпорет. Доаѓа зима, столаријата треба да се санира.

Дотогаш низ празната куќа одекнуваат звуците на старата хармоника, на која Новак научи да свири со својот татко. Тоа го прави среќен, а неговото срце, вели, е полно со надеж за подобри денови.