Нов скандал во Тетово: Знаме на Албанија ставено на крстот на цркват „Св.Атанасиј“, а знаме од УЧК на влезот од Калето

Уште еден сериозен инцидент кој може да потикне верска и национална нетрпеливост.

Како што информира 24инфо.мк две знамиња од кои едното на УЧК а второто на Република Албанија попладнево биле поставени на тетовското Кале,

Знамето на Албанија било ставено врз крстот од црквата „Св. Атанасиј“ а знамето на УЧК било поставено на бандера на влез во Калето.

Од МВР потврдуваат дека ваков настан бил пријавен во СВР Тетово, попладнево по 17.00 часот.

Наскоро се очекуваат подетални информации. За потсетување зимава сличен скандал имаше и на црквата на Попова Шапка кога беше симнато црковното знаме и ставено албанското.