Вознемирувачко видео: Возач со автомобил покоси пешак во Штип

На 17.03.2024 во 00.05 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Борис Кидрич“ патничко возило „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско, удрило во паркирани возила:

товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Телевизија Стар од Штио објави ексклузивно видео од стравичниот момент на несреќата.