Познато колкави затворски казни ги очекува убијците на Вања и Панче

Македонскиот обвинител Гаврило Бубевски за српска ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризер Панче Жежовски се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Според него, денеска се очекуваат првите кривични пријави против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потерница по убиецот и чекаме да се реализира.

Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, истото го кажале и осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.