Ноќва загина 17 годишно момче во центарот на Струмица – од полицијата излегоа со детали

Утрово ни пристига вест за уште еден трагичен настан со фатален исход кој однесе живот на младо момче

Синоќа на полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17-годишно момче од село Градашорци, струмичко и патничко возило „БМВ“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко, информираше утрово портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17-годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош во Струмица констатирал смрт.

Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.