Оливера од Виница: Понекoгаш посакувам и да си го одземам животот, тешко е да молиш за денар два

Оливера Арсова живее тежок живот од раѓање. Родена е во Виница. Млада се омажила, но живеела под тешки услови и кај родителите и подоцна во бракот. Имала и тешка сообраќјна незгода која шест месеци ќе ја затвори во шок соба во болница. Сепак, се издигнува и над тој проблем, но данокот го отплаќа денес преку здравјето.

Често губи свест. Паѓа и ги крши нозете и колковите. А, поради сите дијагнози не е способна ниту да работи. Никогаш не се осознала како мајка, па нема ни кој да ја гледа и помага сега кога е беспомошна. Зема социјална помош од 8800 денари и некој денар плус ако сопругот собере некое пластично шише. Но, затоа тука се соседите, кои кога и е најтешко знаат да и подадат оброк или некој денар за да ги купи потребните лекови и храна. Често лежи во болници и бањи. Сепак, влагата во собата и лошиот живот ја принудија да си го отвори срцето и да го раскаже својот живот, во надеж дека хуманиот народ ќе и помогне и во иднина барем малку поубаво и посреќно ќе живее.

Оливера потекнува од Виница во семејство од пет деца. Од осум годишна возраст доживува епилепсија, а неколку години подоцна и сообраќајна незгода со камион што цели шест месеци ќе ја заковаат за кревет во болничката шок соба. Иако, се освестува и останува жива, сепак никогаш нема да биде како пред несреќата.

Неколку години подоцна се мажи со сопругот и живее во Облешево. Но, недоразбирањето со неговите родители ќе ја носат по разни кирии, за пред неколку години да се врати во родната куќа за да ја чува болната мајка. По смртта на мајката останува тука, во собата дом која и е целото нејзино богатство, но и цела нејзина болест поради влагата која ја диши од неа и студениот воздух во зима која никако да се затопли поради недоволната изолација на истата.

-Од мала живеам тешко. Болна сум оттогаш а млада имав и сообраќајна несреќа која шест месеци ме врза за кревет. Лежев во шок соба и сега дури ги трпам последиците. Млада се омажив и живеевме во Облешево. Но, поради недоразбираето со свекрва ми се преселивме под кирии. Подоцна мојата мајка се разболе и му реков на сопругот да дојдеме да ја дочуваме неа и да и помогнеме. Така останавме тука во куќата во која сум родена. Ама тешко поминува денот и месецт. Земам минимална социјална помош која не стига само за лекови. Да не се соседите ќе умрам за леб. Ќе ми дадат компирче, гравче, леќичка и ќе поминеме два дена-вели Оливера од Виница.

Оливера и сопругот живеат тежок сиромашен живот веќе со децении. Јадат храна од народна кујна или од детските градинки ако остане нешто што не е изедено. Затоа таа, за да преживее но и за да купи лекови за да не умре, оди по соседи и моли за денар два или за некое парче леб кое дома го јаде со сол или со вода. Сепак, нема да ја изгуби вербата во хуманиот народ, кој и е единствената надеж и спас во моментов за да може малку барем да ја поправи куќата и да добие храна за да не умре од глад со сопругот.

-Тешко е да молиш за денар два. Јас тоа сум принудена да го правам секој ден. Во куќава условите се лоши, па ако не умрам од болест ќе умрам од таванот кој некој ден ќе падне врз мене и ќе ме затрупа. Не стигнуваат парите за ништо. Да не собира сопругот некое шише –ќе немам ни за лекови. Ова не е живот. Понекпгаш посакувам и да си го одземам животот –вели Оливера за Срце на дланка.

Секое утро започнва ново поглавје во нашиот живот. Да не го започнуваме со тага и немир зашто тој отров ни ја труе душата. Ајде секое утро да го започнеме со поглед кон небото. И, во исчекувањето на насмевките да си речеме дека солзите не се знак на слабост, туку знак на замор. Ајде и кога ни е натешко да станеме, да ја истресеме прашината од нас и да продолжиме понатаму. Ете, така се почнува нов живот од почеток.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Оливера Арсова тоа можете да го направите на нејзиниот телефонски број 078505388 или на нејзината жиро сметка 200003766057534.