Оливер пронашол паричник пол со пари и ниту во еден момент не се помислил што да прави: Веднаш го пронашол сопственикот, а еве како реагриал тој

Средношколецот Оливер Стојановиќ (16) од Владичин Хан пронашол паричник со документи и пари во локален автобус. Покрај личните документи и месечен билет, во паричникот имало и 22.000 динари.

Оливер не се двоумеше, му врати сè на сопственикот. Сопственикот на паричникот е од селото Мазараќ кај Врање, вработен во врањска фирма.

– Заминав на училиште во Врање со автобус во 8 часот и 20 минути наутро. Седнав позади, а во текот на возењето влегоа тројца мажи на една од станиците. Седнаа на седиштата до мене. Ништо не забележав, а дури кога требаше да излезам, видов дека на седиштето има паричник. Немав прв час во Гимназијата, па само ги погледнав документите и му се јавив на татко ми – изјави овој млад човек за „Блиц“.

Како што вели, од паричникот ја фотографирал личната карта на неговиот татко за да го пронајде човекот кој ја поседува.

– Успеавме да дојдеме до сопственикот и да стапиме во контакт. Набрзо се сретнавме и му предадов сè. Ги гледаше само документите и не ги ни броеше парите. Ми даде 2.000 динари со голема благодарност – вели овој ученик од Гимназијата „Бора Станковиќ“ во Врање и додава дека верува дека секој би постапил како што направил тој.

Неговото однесување и чесност го фалат и мештаните кои патуваат со овој превоз.

– Момчето со овој гест ги заслужи сите пофалби и е пример за своите врсници, но и за сите останати како да се постапува во овие и слични ситуации – вели еден од редовните патници во Владичин Хан-Врање.