Оџачарот Стево не наплаќа за услугите, битно е да ги знаам сите информации во селото

Шеесетгодишниот Стево Фелбаб од село Башаид, во близина на Кикинда, е еден од ретките преостанати оџачари кои не дозволуваат овој занает да биде заборавен.

Освен тоа, во својата повеќедецениска кариера спасил многу животи. А и се изнагледал се и сешто и се нашол во многу незгодни ситуации.

Главно, кога би требало да бирам, пак ќе бидам оџачар. Гледам дека оџакот е блокиран, морам да му помогнам на човекот. Седнуваме, пиеме, разговараме за селото и така натаму – вели Стево.

Стево не само што ги чисти покривите на куќите, туку и на фабриките, секаде каде што има кисе лина, масна сода, амонијак во 30-метарските оџаци…

-Кога работев беше минус 24, само јас и кучињата бевме на улица. Едвај чекав некој да ми понуди кафе, да се стоплам.

Во кариерата имал и дра матични моменти кога спасувал животи на луѓе: Кога оџакот е затнат со цврсто гориво, тогаш нема опа сност,

Но кога е гас може да има несакани последици, како гу шење. Се случи да морам да интервенирам како спасител – вели Стево.

Бидејќи е во пензија, кога некој ќе му се јави, не наплаќа услуга. А некои го бараат само за да им донесе среќа во куќата.

– Познато е дека оџачарите даваат среќа, па понекогаш вадат влакно од четката. Поштари и оџачари одат наутро и ги знаат сите тај ни во селото, но не ги откриваат, вели тој.

Се сеќава кога имало 20-ина колеги, сега ги нема ни да се избројат на прстите од едната рака. И вели дека овој занает полека но сигурно згаснува.