(ФОТО) Македонската пејачка „жнее“ долари во Австралија – нашинците таму ја китато додека пее

Негувањето на македонската култура преку музика, песни и ора и понатаму е застапено помеѓу нашите иселници ширум светото, особено преку океанот.

Со оглед на одалеченоста, Македонците кои живеат на далечниот исток, како и Австралија, Канада и САД не можат така често да си дозволат да се вратат во родните места.

Но затоа нашите музичари се трудат да и ја пренесат македонската традиција на некој начин со гостувањата што ги прават.

Во моментов актуелни се турнеите во Австралија каде што голем број наши пејачи и пејачки веќе беа, се или ќе одат.

Една од оние кои што во моментов е таму и со успех настапува е фолкерката Сузана Гавазова.

Една од најпознатите македонски пејачки Сузана Гавазова што се вели ја има буквално секој ден во медиумите, а има и зошто – поточно со причина.

Популарната Сузе освен што е надарена за музика и пеење едноставно знае да привлече внимание на себе, нешто што умешно го прави, пред се преку социјалните мрежи.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.

Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Од социјалните мрежи и нејзините објави може да се забележе дека нејзините настапи се исполнети со гости кои се притоа и дарежливи.

Па така Сузе си жнее бакшиш додека гостите ја китата со долари додека пеее.