(ФОТО) Штипската Миа Калифа започна свој бизнис – откри кои услуги ги нуди

Малку Македонки може да се пофалат со голем публицитет во медиумите, но и оние ретките па имаат и зошто.

Една од нив е штипјанката Моника Станојкова којашто е навистина амбициозна девојка и има високо мислење за себе, а и планови за блиската иднина.

Ни повеќе, ни помалку, таа себе се доживува како штипска Миа Калифа, еро тска ѕвезда од арапскиот свет која успеа да го сврти внимнието на милиони мажи од светот врз себе. Нашава има помала амбиција – нејзин таргет е да го возбуди Балканот.

Згодната Моника изобилува со облини – обликувано тело какво што секој маж би посакал, а тоа и го покажуваат коментарите на нејзините објави кои главно се од припадниците на машкиот пол.

Освен тоа, позната е и по снимањето на интересни Тик Ток видеа коишто имаат илјадници прегледи и доста коментари.

Како што секој за себе има некаков план, така и оваа млада девојка се пронашла во креативна професија и започна свој бизнис.

Имено, на 7ми декември минатата година Моника Станојкова стана сопственичка на козметичко студио The Star во Штип. На женската популација и нуди услуги како шминкање, педикир, маникир, свилени трепки и депилација.

„Соновите се исполнуваат The Star“, напиша Моника на нејзиниот Инстаграм профил. Инаку, името на салонот значи ѕвезда.