Панчо од ДНК: Ова ви е мал бесплатен совет од еден неуспешен артист како мене

Владимир Блажев попознат како Панчо од ДНК или Диџеј шорти се огласи на својот фејсбук профил:

Се додека не ги почитувате постарите колеги од естрадата (каква е таква) без оглед каква музика прават, додека не давате поддршка еден на друг, додека сте препотентни и арогантни, додека лицемерието ви е пуштено на најјако, додека пушите и лижете таму каде имате моментална корист,

додека сте провидни и смешни опуртунисти, додека не им верувате на менаџерите со кои сте потпишале соработка и мислите дека вие знаете се (вчера сте прооделе) и дека инстант успехот (кој ви трае цели 3месеци) е заради вас а не заради целиот менаџерски и продуцентски тим кој работи и стои позади за вас,

додека плаќате прегледи на јутуб – по ново ADS (луѓето одамна не се палат на бројки) и додека живеете во виртуелен свет и си го билдате егото низ бројки и трендинзи,

да знаете дека РЕАЛНОСТА константно ќе ве ШАМАРА и потсетува дека виртуелниот свет и реалност се два различни терени.
Да го гледаш Спајдер мен на Тв и да бидеш на јаве е невозможна мисија

И не плукајте по колегите од соседството ниту пак до промотерите кои ги ангажираат нив а не вас, запрашајте се зошто е тоа така, каде грешите и зошто не ви доаѓа публика на вашите настапи.

Работете на самите себе, меѓусебно поддржувајте се, работете на вашето воспитание и најбитно, фрлете го егото во Вардар!! Ова ви е мал бесплатен совет од еден неуспешен артист како мене кој одсекогаш се борел за 🇲🇰 музика. Со почит, Панчо