Панчо од ДНК: Полека почнуваат работите да излагаат на површина, тоа е човек без образ и достоинство

Музичарот Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК на својот фејсбук профил сподели линк од веста „Николов: Милевски ме разочара, ама нема да ме избрка од Македонија!“ и притоа напиша:

Полека почнуваат работите да излагаат на површина и сите оние кои молчеле да се отвараат околу гробарот на Македонскиот фудбал.

Човек без образ и достоинство кој и покрај катастрофалните игри, секогаш е презадоволен од “добрите”резултатите. Одговорност никако да превземе, а тоа е одлика на нереализирани и неуспешни луѓе кои се пијавици по природа.

Полош селектор сме немале никогаш, а верувам дека е донесен со цел да уназадуваме, впрочем тоа и го гледаме иако мисли дека цела нација сме слепи