Пензионерот Трајче од Штип во неверување по исплатата на последните четири пензии: Државата си игра со нас

Четири месеци по ред различна сума пари легнуваат на сметка на штипјанецот Трајче Митев, кој е рударски инженер во пензија. Вели во семптември например земал пензија во висина од над 22 илјади денари, за вчера на сметка да му легнат нешто помалку од 10 илјади денари. Вели државата си игра со пензионерите, и пресметката на нивните пензии. Овој проблем го има веќе девет години, но вели разликите од пензија до пензија не биле дрсатични како сега.

„Во месец јули 2023 година добив пензија 13 288 денари, јас сум рударски инженер, во август 2023 добив пензија 21 733 денари, во месец сесептември 2023 година 22 894 денари и во месец октомври,в чера земав пензија 9625 денари. Тука се прекршени сите законски права и сите се покажаа сите слабости на институциите.

Бидејќи вчера ги зедов моите исплатни чекови од банката се гледа секој месец како доаѓала пензијата. Се прашувам сега како граѓанин, како пензионер, еве сме работеле неколку години – како државата си игра со пенизонерите?“ – вели Митев.

Митев вели двапати поднел барање за да добие одговор на што се должи ваквата промена во земањето пензија. До денеска дециден е одговор од институциите нема.

„Имав две барања, сега и трето дадов. Едното барање беше за 2022 година и тогаш имаше разлика, никој нема да ви одговоре. Се јавувам и телефонски одговор нема. Бев и во ПИОМ велат моите барања се испратени во Скопје. “ – вели Митев за Мнет ТВ.

Бара одговор од надлежните институции и решавање на проблемот кој му се провлекува речиси една деценија.