Перо Антиќ распали: Од такви како тебе Македонија псти, но има лек за такви како тебе

Нашата најголема кошаркарска икона Перо Антиќ имаше кратка средба во Скопје со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на пленарниот состанок на лидерите учеснички на процесот „Брдо – Бриони“.

На средбата му подари на Вучиќ необичен и уникатен подарок.Имено, Александар Вучиќ доби типично српски дизајнирани патики, специјално декорирани со симболите и државните обележја на Србија.

Но, Антиќ си слушнал муабети и заради тоа имаше потреба да се огласи на социјалните мрежи, каде напиша:

Слушам на некој му сметал поклонот на мојот драг пријател Претседателот Александар Вучиќ. Братле (че говорам твој матерни јазик) седи там, троши лефчетата и глуми Македонец лажен!

Не знам дали ќе разбереш ова али не дирај лава док спава(на Српски е ова) се базикај брко

Од тези като тебе Македонија пати, но има и лек за такви като тебе. Сажељавам што тези хора като тебе не са Македонски хора и пријателски хора!!

Таква хора като тебе, в нашата држава се познати като една или две црвени. Овој публицитет ти е гратис од мене, за следните ќе добиеш фактура братле од БЛГАРИА. Цмок.