Роберт бара жена и вели: Имам куќа на 4 спрата, чесен сум и работлив

Бракот како институција не гарантира вечна љубов, тоа најдобро го знае Роберт Радосављевиќ (32) од Кладово, кој живеел во хармонична врска, добил дете, а на крајот станал самохран татко.

– Бев оженет, имам ќерка. Мојата сопруга само ми го остави детето во раце и си замина – ја започнува својата приказна Роберт,

Тој вели дека неговата ќерка е неговиот најголем адут, но не може се во животот сам па преку медиумите се одлучил да побара помош.

-Јас сум чесен и вреден, барам жена, може да е и од Кина на која и требаат документи, знам дека некои платиле и до 30.000 евра за тоа.

– Таа овде би имала се. Инаку, сакам убави жени, но убавината не е пресудна, само да е нормална – вели тој и додава:

– Со неа би отишла и во Кина, доколку таа ми среди документи за таму, јас сум сериозен, вели Роберт во обраќањето на ,,Телеграф.рс”

– Стамбеното прашање ми е решено и сум обезбеден, имам куќа на четири ката и работам градежништво. Секој што сака да работи може да заработи – вели Роберт .

Додава дека чека девојка да го контактира со него и да влезе во брачните води, бидејќи после сопругата бил искористен само за пари.