(ФОТО) Зоки Фаци не можеше да си одолее: Ми иде сам себе да се залапам

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел.

Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Секодневно е активен на социјалните мрежи каде се уште слободно си го изразуав своето мислење. Неодамна имаше здравствен проблем, па се огласи од пластична хирургија каде му бил извршен зафат.

Сега, Зоки Фаци е во еден од оние денови кога зрачи со самодоверба, па фотографирајќи се за на стори си напиша: Толку сум неодолив, што ми се иде сам себе да се залапам…