Пејачот Спасен: Срам е во сиромашна држава како нашата да бидеш богат

Прерасна во еден од најбараните македонскиот фолк пејачи, а неговото име и презиме е веќе добро познато на наштата естрада, Спасен Силјановски.

За него познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор. Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија.

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Во моментов е на турнеја во Австралија, а на својот фејсбук профил од пред некој ден напиша:

Голем срам е во богата држава да бидеш сиромашен.Но уште поголем срам е во сиромашна држава како нашата да бидеш богат. (Кој разбра, разбра)