Зоки Фаци им го „плесна“ на Македонците со бугарски пасошо

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел.

Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и ма

Зоки Фаци во последно време е актуелен со подкастот на јутјуберот Лазаров, а паралелно е активен и на своите профили на социјалните мрежи.

Токму на Инстаграм денес сподели објава во која што вели: – Денес сте патриоти, извадете бугарските пасоши ве молам.