Повторно се пишува за Македонецот кој се родил во авион и доби име по таа авиокомпанија

Нечии животни судбини се како филм. Приказната за Јатко Тодев е една од нив и носи необични моменти кој ретко се доживуваат.

На 13 февруари 1978 година за време на летот Б-707 од Југославија за Австралија, во авионот се породила Марија Тодева од Македонија. Тоа било еден од првите вакви случаи во историјата на воздушниот транспорт.

Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста се качила во авион кој летал од Белград кон далечниот Сиднеј.

Таму го очекувала сопругот Стојан, кој неколку месеци претходно допатувал во Австралија во потрага по подобар живот.

Два часа пред слетувањето започнало породувањето. Стјуардесата и стјуардот ја однеле од патниците, и и помогнале да роди здраво машко дете.

Се вели дека папочната врвца била исе чена со ножици и дезинфицирана со виски. Така авионот кој полета со 106 патници пристигна во Сиднеј со еден патник повеќе.

Веста за „бебето во авион“ веќе следниот ден се појави во сите југословенски и меѓународни весници. Кума на бебето била пилотот на летот и сведок на овој несекојдневен настан.

Го нарекоа Јатко во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот чие родно место е регистрирано по авион.

Јатко добил и доживотно право да лета со ЈАТ бесплатно, до која било дестинација во светот. Верувале или не, но медиумите објавија дека тој никогаш не го искористил овој подарок во последните четири децении.