Ламбе Алабаковски не се плаши од заканите кои ги добива по неговиот живот: Си ја сакам својата земја, макар и еден ден ме убиле

Пејачот Ламбе Алабаковски по неколкугодишниот престој во Америка повторно се врати дома со своето семејство и иако се занимава само со музика, во Жешко столче објаснува:

– Тука воопшто не се заработува. Ако се работи нормално платата му следува на работникот и господарот треба да му ја даде.

Тука нормално нема споредба со платите со Америка, колку таму земаат и остануваат и колку тука земаат и остануваат. Живееме во едно тешко време, особено за нормален човек со нормална работа.

Гледајќи сега овие две години откако се вратив, прво не се вратив воопшто за да заработувам пари. Особено гледајќи го ова лето кога имав многу настапи, кога ќе направи човек математика и речиси и да не останува ништо.

Бидејќи јас не сум вработен, друга работа немам, и мојата сопруга исто не е вработена, имаме поддршка од фамилијата.

Последно имам многу закани, и на почеток, но и сега. Тоа се последиците. Во пораки на некои реални профили на Инстаграм, на Фејсбук. Не се плашам, макар и еден ден ме убиле, бидејќи си ја сакам својата земја и тоа ќе биде дека сум загинал за неа.

Да влезам и во знајни и незнајни, не е битно, битно е дека ме лишиле од живот поради својата земја. Не се плашам, но непријатно е, секој втор ден да имаш такви закани, вели Ламбе во Жешко столче.