(ФОТО) Познатиот македонски пејач се пофали со тракторот, па порача: Матни времиња доаѓаат

Прерасна во еден од најбараните македонскиот фолк пејачи, а неговото име и презиме е веќе добро познато на наштата естрада, Спасен Силјановски.

За него познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор. Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија.

Спасен е еден од ретките македонски пејачи кој ја негува и пее исклучиво македонската музика, и како што вели, иако се едуцирал со секаков жанр на музика го нервира тоа што кај нас е доминантна туѓата музика повеќе од нашата.

Покрај пеењето, отсега Спасен може да го гледаме и со нова улога, односно веќе се обзнани дека тој ќе биде новиот водител во триото водители на Везилка.

„Домаќин. Треба да се одржи работната навика нели“. Под фотографијата веднаш си доби коментар да си го гледа само пеењето во кое е маестрален, но тој знаеше што да одговори:

Матни времиња доаѓаат, мора да се држиме во работна кондиција, напиша тој.