Сања Цинцева: За новата песна колешките не ми честитаа, се направија луди

Сања Цинцева е една од најатркативните и најпопуларни фолк-пејачки во земјава која неодамна го извади својот нов хит „Срце балканско“. Цинцева беше гостинка во емисијата Шоу Магазин каде зборуваше на повеќе теми:

– Морам да признаам дека големо лицемерие има кај нас на естрадава. Сите си прават меѓусебе лице не гледаме ни малку од Србите и Бугарите како се сплотени и се дружат и како прават песни заедно.

Јас не сум видела во скоро време некои да се спојат да направат некој дует, инаку е тешко со колешки, колеги. За новата песна колешките никој не ми честитаа освен Татјана Јовановска и Татјана Стефановска, другите се направија луди не ми ни честитаа не ме ни споделија на ѕид.

Ме повредува..затоа што како созреав видов дека луѓето во себе имаат лицемерие и злоба не сакат да те гледаат да си повисоко од нив. Љубоморни сме како народ, вели Цинцева.

Познато е дека македонските фолк-пејачки заработуваат огромни суми на бакшиш, па Сања спомена дека освен мажите бакшиш неретко даваат и жените.

– Баш имав пред некое време искуство со жена, седнав до неа и пеев и цела вечер ми даваше бакшиш. Не значи тоа, сеа жените сме поспособни од мажите. Ангажирана сум викенд, меѓутоа да признаам дека не сум активна толку колку што бев порано.

Сега гледам да настапувам двапати во месецот, и ги земам истите пари отколку од вторник до недела како што прават колешките а премногу работа за џабе. Јас пеам по приватни забави, свадби, пеам во ресторани каде што ми одговара мене, додава Цинцева.