Познато кој Македонец доби пасош на Бугарија само за 17 дена – открива и кој му помогнал

Како што е познато многу Македонци имаат бугарски пасош, а некои се во процедура, пред се поради финансиски карактер, односно полесен пристап до работа во странство.

Еден од оние кои имаат и јавно објави е Томо Аврамски, еден од најпознатите Македонци во поранешна Југославија, а тој во интервју за „Во Центар“ вели:

-Јас во тоа време држев локал во Берово. Се викаше Стара кафана. Секој викенд носев пејачи, исклучиво Македонци. Па така еден викенд ќе си одам од Скопје за Берово и со мене носам музичари.

На пат ми се јавува еден човек од потрага и ми велие шефе како знаеш и умееш за два саати да ја напуштит државата зошто од судот стигна да те објавеме на потерници. Му велам фала, се слушаме.

Внукот на мене беше со мене. Му велам земи ја мојата кола и со пејачите оди за Барово, а јас со еден музичар и неговиот автомобил му велам ќе ме возеш за Делчево, без да му кажам што е работам.

А тој ми вели ајде да одиме до Благоевград, па ми дојде идеално. Поминав границиа и си заминав од Македонија.

Јас извадив бугарски пасош за 17 дена, тоа е најбрзо во историјата на Бугарија. Што е и нормално. Бојко Борисов ми помогна и тоа не го кријам.

Со него се знам, дружиме, во Симитлија имам играно мал фудбал со Бојко исто тука беше и Христо Стоичков- вели Тома и потенцираше дека сето тоа се случувало пред 10 години, поточно во 2011 годин.