Познато кој ќе пее за дочекот на новата 2023 година на плоштадот во Скопје

Дека ќе се украсува Скопје во пресрет на Нова година потврди пред неколку дена градоначалничката Данела Арсовска во интервју за 360 степени.

„Да ќе се украсува и ќе има дочек на Нова година во рамки на нашите можности“, изјави Арсовска.

На дополнително прашање што точно ќе има и кога ќе започне, Арсовска додаде дека ќе има дополнителна прес конференција на која ќе бидат објавени сите детали.

Веќе низ центарот на Скопје е видливо дека започна да се украсува, па во следните денови се очекува да ја видиме комплетната слика.

Од друга страна додека се чека официјално да се потврди кој ќе пее на плоштадот и ќе ги забавува пристутните, се појави првото име на изведувач.

Имено Елена Ристеска вчера имаше настап на отворено во рамки на новогодишниот базар во склоп на Ист гејт мол, а по крајот на истиот до публиката се обрати.

„Ве чекам на 31. декември на плоштадот во Скопје да ја дочекааме Новата година“ – со што откри дека ќе пее во пресрет на новата 2023 година.