(ВИДЕО) Мирослав Илиќ додека седеше на маса во скопско кафанче, го побара микрофонот и ги остави без зборови сите присутни

Мирослав Илиќ, српската фолк-ѕвезда, но и еден од најпопуларните пејачи од поранешна Југославија, оваа сабота, во Скопје (по подолга пауза), ќе одржи голем солистички концерт во салата „Борис Трајковски“.

Билети поодамна нема, продадени се за неколку дена, па се размислува за уште еден концерт.

Инаку, македонската метропола има особено значење за Мирослав. Тој живееше и студираше тука некое време, тука му се случи и првото вистинско вљубување, а тука настана и неговиот голем судбоносен хит – „Волео сам девојку из града“.

Илиќ исто така зборува солидно и македонски јазик, а пеее и наши македонски народни песни и несомнено е еден од омилените пејачи.

Тој веќе е во Македонија, поточно во Скопје неколку дена, а вчера во одбрано друштво со пријатели реши да седне на ручек во една скопска кафана.

Додека заедно со пријатели седеше и уживаше во пријатан атмосфера и убавата храна реши и самиот да го земе микрофонот.

Тој реши да отпее неколку наши македонски песни, а гостите останаа без зборови од интерпретацијата на пејачот.