(ФОТО) Спасен Силјаноски влегува во телевизиските води – ќе го гледаме на малите екрани покрај две убавици

Препознатливата популарна емисија, која е и најгледаната емисија на ТВ Алфа до сега има поминато илјадници километри низ убавините на Македонија.

Најпопуларната емисија Везилка ја гледате секоја недела од 12:00 до 14:30 часот и репризното издание во сабота во 15:00 часот.

Студиото на Везилка досега беше домаќин на стотици музичари, готвачи, занаетичии, играорци, уметници, луѓе што придонесоа за Везилка да биде, тоа што е сега – емисија со препознатлив квалитет, а дека емисијата е лидер во ваков тип на емисии, тоа го препознаа и гледачите.

Гостите и содржините што се дел од оваа емисија преку екраните успеваат да ни ја донесат Македонија дома.

Добропознатото трио водители коишто втора сезона по ред секоја недела точно напладне беа вашето друштвото во домовите – Ирена Спировска, Благоја Грујовски и Адријана Алачки овојпат ќе бидат во ново руво.

Имено, од последно снимената емисија како водители влегуваат Адријана Алачки, познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски и Бела Александра, позната новинарка и водителка.

И самиот Спасен на својот фејсбук профил си сподели фотографија од новиот ангажман и напиша: Животот е полн со предизвици, а јас со задоволство ги прифаќам.