ФОТО: Сузана Гавазова и сопругот имаа специјален повод за прослава: Нека ни е на здравје

Струмичката и македонска турбофолк ѕвезда Сузана Гавазова има завидна кариера која трае долги години, таа е една од најбараните изведувачи на свадбите но и на приватние забави.

А кога настапува таа забавата секогаш е загарантирана, има специфичен настап но и привлечност со кој плени и освојува.

Една од најпознатите македонски пејачки Сузана Гавазова што се вели ја има буквално секој ден во медиумите, а има и зошто – поточно со причина.

Популарната Сузе освен што е надарена за музика и пеење едноставно знае да привлече внимание на себе, нешто што умешно го прави, пред се преку социјалните мрежи.

Гавазова има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.

Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Иако живееја шест години во Шведска, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и двете ќерки. Таа често ги пакува куферите и заминува на настап, а нејзиниот сакан и е верен придружник.

Овој пат таа на социјалните мрежи сподели фотографија од својата венчавка пред точно осум години, кога официјално стапи во брак со Јасмин.

– На овој датум јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ стапивме официјално во брак, нека ни е на здравје, порача Гавазова.