Јелена Спенџарска донесе конечна одлука – веќе нема да ја гледаме секој ден на телевизија

Популарната и познатата ТВ водителка на утрински програми, Јелена Спенџарска е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тму рните утра.

Освен што ја „бива“ за работата која ја работи, Јелена Спенџарска последните година, две, на социјалните мрежи покажа и дека знае да размислува, но што е поважно да расудува реално, па и да ги потенцира своите маани, особина која е непозната за многумина.

Но, она што привлекува внимание кај неа е тоа што последниов период го живее животот од соништата – се всели во нов стан, ја најде љубовта на својот живот, а сега веќе планира и да се сели кај партнерот.

– Да, тоа го сакам, животот да ми поминува покрај морето, се разбира со човекот кој ќе ме сака и кого јас ќе го сакам, вели веселата Јеца.

Тоа значи дека веќе од наредниот месец март, Спенџарска нема да ја гледаме во Утринската програма на ТВ Канал 5 во емисијата „Здраво, Македонијо“. Таа ќе се пресели во својот нов дом, кај Лукас во Солун, со кого е во љубовна врска подолго време.

Затоа реши да им појасни на нејзините следачи и сподели на социјалните мрежи какви и се плановите:

Работата во студио си продолжува иако веќе нема да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун.

Морам да бидам и таму но и тука, сепак имам и доста ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство.

Не заминувам засекогаш. Тука сум и колку што можам им стојам на располагање на сите, плус, не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно.