Полицијата одново на нозе: Исчезна маж од Велес

Уште едно лице е пријавено за исчезнато во текот на вчерашниот ден, а повторно станува збор за лице од Велес

Четириесет и шест годишниот велешанец А.К, вчера, во 19:00 часот во Полициска станица Велес пријавил дека неговиот педесет и девет годишен вујко Д.П се оддалечил од неговиот дом во којшто живеел сам.

Од Сектор за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а пренесува локалниот медиум Дума.мк

За потсетување како што е познато целокупна јавност се уште е потресена од неодамнешните две исчезнувања, со фатален исход на Вања и Панче кој исто така беше од Велес.