Поп Ацев се обиде да го преплива Ла Манш, па емотивно се огласи и откри што се случило

Најдбобриот македонски пливач на отворени води, Евгениј Поп Ацев се огласи на фејсбук:

Денес пробав да го испливам Каналот Ла Манш и не успеав. Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам . Имав голема желба и сила и добро пливав но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода .

Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство ( макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав . Многу сум благодарен на жена ми Алана на Капетанот и тимот на бродот за големата помош и за брзата и правилна реакција за да не се случи нешто пострашно .

Исто така огромна благодарност до мојата фамилија , блиските и цела Македонија кои отсекогаш ме поддржувале и храбреле поготово во вакви тешки моменти .

Тешки две години беа ова за мене што се однесува на пливањето и мислам дека ова најтешкиот момент но и можеби најсилен знак .

Премногу го сакам овој спорт и тешко ми е да се отргнам од него па некако ги игнорирав сите знаци и совети и повеќе го слушав срцето наместо телото и разумот да продолжам.

Имам толку убави спомени, успеси , емоции ,искуства и познанства , и тоа се додека ја претставував својата земја на светско ниво. Тоа е најголема чест и задоволство за еден човек и е најголемата убавина на спортот. За тоа ќе сум вечно среќен и задоволен што ја имам доживеано таа убавина без разлика што ќе донесе следниот ден.