По две ипол години чекање: Општината на Диме од Кочани му исплати дури 2750 денари за куќата која ја зафати страшниот пожар

Диме Атанасовски на својот фејсбук профил сподели објава во која што се вели

-Драги наши, на социјалните мрежи споделуваме многу работи. И важни и не толку важни. И лоши и добри. Сега, во пресрет на убавите празници сакам да споделам убава вест.

После речиси двеипол години по пожарот кој го зафати Кочани, конечно општината ни ја обештети штетата која беше направена. Легнаа на нашата сметка 2750 денари.

Општиските органи пресметале дека треба да добиеме разлика на вистинската штета и она што го исплаќа осигурувањето, а нашата Влада донела одлука дека заслужуваме 5% или вкупно оштета од 2750 денари.

Им се заблагодаруваме на сите општински и државни органи и им посакуваме никогаш да не им се случи вакво нешто ниту ним ниту на другите наши сограѓани. Да сте живи и здрави. Среќни празници!