По 15 години живот во Германија се вратил во родната Македонија: Овде ми е убаво, сепак дома си е дома

На ливадите на планина Бистра како во филмски сцени пасат кравите од сортата Лумизин, глетка која полни очи и душа и дава посебен шмек.

– Поголем дел од нашата територија е напуштена, така што добитокот има големо место за пасење, немаат проблеми од дивеч.

– Па така тие можат и по цел ден да останат сами, само ги контролираме од време на време, вели Сањин Кокули за ,,Дојче Веле на Македонски”

Инаку Сањин Кокули во Германија работел 15 години, но се вратил во родната Жировница зашто, како што вели, дома си е дома.

Старата фабрика за паркет ја пренаменува во штала за одгледување на крави и говеда. Исто така тој чува и крави, овци и кози, а има и пчели.

– Поентата на моето враќање од Германија е да го заживеам овој крај на Македонија, да бидам еден од примерите кој се вратил овде.

– Се вратиле во ова запуштено место да речеме, и ќе даде малку живот на истово. Инаку Сањин веќе три години живее од сточарство и земјоделие.

Со сопругата и децата егзистираат од се што одгледуваат на својот имот: Во нашиот крај поголем дел од населението не е во државата.

– Така да овде секоја идеја е слободна и може да се реализира, треба да имате само добра волја и работа, како и да се внесе малку германски шмек.

– Тоа што го научив во Германија, многу ми помогна и тоа сега го пренесувам овде, и со тоа се доаѓа до перфекција, додава Кокули.

– Покрај козите и овците, овде имам и околу 70 сандаци со пчели. Најголема причина која се вратив е тоа што ова ми е дом и татковина.

– Домот нишот не може да го замени, овде има смиреност има убавина. А покрај сето тоа има и профит, може да се живее од тоа.

По животот во ветената земја за многумина Германија, Сањин не се двоумел многу за да се врати овде во татковината и да започне еден нов живот.

– Државата ни помага овде, добиваме субвенции, имаме помош и од ИПАРД програмите за набавка на нов добиток, за нова механизација и слично.