Пресврт – Ѓорѓе Давид останува во Македонија: Бесно ги негираше шпекулациите

Иако во јавноста се шпекулираше дека Ѓорѓе Давид се вратил од Северна Македонија во Србија, рокерот сега откри дека тоа не е вистина.

На 20 јануари, Ѓорѓе Давид, рок музичар и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“ доживеа сообраќајна несреќа во Северна Македонија, во која поради сплет на несреќни околности налета на жена која го загуби животот.

Иако во јавноста се шпекулираше дека Ѓорѓе Давид се вратил од Северна Македонија во Србија, рокерот сега откри дека тоа не е вистина.
Пред неколку дена се шпекулираше дека музичарот се вратил во Србија, и дека му се вратени документите, а тој требало да одржи и медиумска конференција на која ќе објасни што се случило кобната ноќ.

Истиот ден ненадејно беше откажан, а сега рокерот објави дека се уште е во Северна Македонија. По тој повод рокерот се огласи на Инстаграм во видео снимка и соопшти:

– Во оваа прилика ги молам медиумите во Македонија и медиумите во Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање спрема ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои се невистинити.

Не добив документи и не заминав од Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Секој наслов ми прави проблем и предизвикува омраза кај луѓето во ОЈО кон мене затоа што мислат дека јас им ја давам таа информација. Кога ќе ги земам документите и ќе ја поминам границата, прв ќе соопштам – бесно рече Дејвид.