Раде има 60 години и се уште е невин: Никогаш не допрел жена, а сега реши да се ожени – каква и да е, но си кажа каков мерак има

Раде Милиновиќ од Бусовача има 60 години, живее сам во селото, а на пошироката јавност и стана познат кога му требаше помош за да го среди бањата, а сега сака да си најде жена.

Раде Милиновиќ иако имал 60 години тврди дека никогаш не допрел жена, а сега кога си ги средил условите за живот сака и да се ожени.
Тој реши да ја побара својата сродна душа на Инстаграм.

Тој оставил телефонски број на жените да се јават ако сакаат да се омажат за негоВели дека на било кое би се согласил, има и барања каква жена треба да биде. Раде вели дека повеќе сака црнки, во триесеттите и верни.

– Сега ми доаѓа да се омажам. Годините летаат… Барам невеста. Само нека биде домаќинка, најдов и кума. Таа вети. Сакам да се омажам. Замислив фина, мала, црна, 30-годишна.

Може и помлада која нема да ме остави. Имам пензија, куќа, само жена ми треба, каква и да е. Само нека биде жена – вели Раде.

Ниту религијата, ниту нацијата не е битна, а не му пречат ниту децата. – Би сакал да пијам кафе со неа наутро, да имаме друштво, да не пијам кафе сам – вели Раде.