Ракијата што ни ја запленуваат хрватите на граница сега ја продаваат по цена од 1 евро за литар

Загрепската царина продава ракија за едно евро. Станува збор за запленет алкохол кој царината не сакаше да го уништи, туку од него да заработи и на тој начин, барем малку, да го наполни државниот буџет.

Загрепската царина објави јавен тендер за продажба на запленета ракија.

Кога станува збор за конфискуван алкохол во рамките на Европската унија, тој најчесто се уништува, но овојпат тоа не беше случај, па 428 литри ракија се продаваат по почетна цена од едно евро за литар, прнесува РТЛ.хр

Економската криза очигледно ја принудила и загрепската царина да штеди, бидејќи уништувањето на алкохолот би било поголем трошок за нив.

„Со оглед на тоа што имаме работа со собрани поголеми количини алкохол, уништувањето на стоката би предизвикало трошоци, а постои можност да ја продадеме и со тоа малку да го наполниме државниот буџет“, објасни Роберт Кучинац, раководител на Царинската управа во Загреб за продажба на стоки

Продажбата функционира по принципот „видено – купено“, а сите заинтересирани купувачи со претходна најава можат да дојдат во царинскиот магацин, да ја дадат својата понуда и да купат алкохол, кој сепак е должен повторно да го дестилира алкохолот, а тоа е токму причина за пониската цена на литар.

Само овластени производители можат да наддаваат, а ракијата ја добива оној што ќе понуди најмногу. Побарувачката сепак би можела да биде голема, бидејќи малопродажната цена на ракијата надминува 40 евра за шише.

Интересно, голем дел од оваа запленета ракија е на наши граѓани, односно иселеници кои се обиделе да ја однесат во западно европските држави каде што живеат.