Саметин од велешко донирал земјиште за џамија и реновирал црква во своето родно село

Жителите на селото Бањица во Општина Чашка во близина на Велес се вистиснки пример за меѓуверска толеранција и соживот.

Самет Беќири жител на селото може слободно да ја прогласиме за личност на денот во Македонија.

Тој го донирал своето земјишите за да селото добие нова џамија, а откако градежните работи започнале, тој лично помага.

„Земјата е на Алах, не е моја, ја донирав за доброто на луѓето“ вка вели Самети за Клан Македонија.

Додека телевизиската екипа го посети тој помагаше во изградбата на џамијата во селото Бањица во општина Чашка.

Дополнително, Самет години наназад придонел и помогнал во поправката на црквата во ова село.

Кога Самет го зафатил пороен дожд, морал да се засолни во селската црква и таму забележал дека црквата има потреба од поправка.

„Ние им помогнавме за црквата. Пред две години јас бев иницијатор, почна да врне и се засолнив во засолништето на црквата.

Видов како дождот паѓа внатре, ги собрав сите заедно со градоначалникот на општината и им кажав дека црквата ќе се ун ишти ако не се направи нешто. Па собравме пари и ја реновиравме“, признава Самети.