Сане од Кочани: Не знам како ќе преживееме со трите дечиња, но ќе се борам до последна капка крв

Санде Андов не може да се пофали со убав живот. Сиромашно и одвоено растен од сестрите, едвај може и да се каже дека имал убаво детство. Многу млад започнува со работа како слаткар само за да спечали за парче леб и да излезе од сиромаштијата. Две години работел и во Италија, но, немал среќа да продолжи да работи таму.

Па, со својата избраничка се враќа во родното Кочани и основа семејство во куќа под кирија. Му се родиле четири деца но, никогаш не се пожалил зашто имал работа и обезбедувал средства за храна и месечни обврски. Сепак, пресврт во неговиот живот настанува недоамна, кога мајката на децата заминува со едното дете, а трите мали Ванеса, Аце и Лука остануваат да живеат со Санде.

За да не ги изгуби, тој бил принуден да даде отказ зашто немало кој да ги чува малите. Па, оттука и почнуваат проблемите на ова семејство. Санде нема месечен приход за храна и сметки. Живее со позајмици и не знае од каде ќе обезбеди средства за да го врати долгот. А вели зима доаѓа, дрва не сум снабдил, па не знам како ќе преживееме. Жал ми е ќе рече тој и за 6 годишната Ванеса која ми помага во чувањето на нејзините братчиња, и им е и мајка и сестра во исто време. Немам доволно ни за храна, ни за училиште, но, ќе се борам до последна капка крв за нив и никогаш нема да се откажам и дадам во Дом за деца без родители.

Санде имал тешко детство со своите сестри бидејќи имал судбина да се роди во сиромашно семејство. Затоа многу млад бил принуден да се вработи, прво како слаткар, а потоа и како шумар за да може да спечали за живот. Пред 20-тина година кога ја запознава и својата животна сопатничка и заминуваат во Италија, но, газдата не сакал да им помогне па додека сопругата била во блажена состојба морале да се вратат назад во Кочани. Таму, во куќа под кирија им се раѓаат 4 деца кои денес се гордост и причина за живот на Санде.

За жал, најголемиот удар овој човек го добива на 2.август кога додека бил трета смена на работа вели тој, сопругата заминала со најголемото дете, оставајќи ги Ванеса, Аце и Лука сами. Лоша и застрашувачка беше сликата да видиш волку мали деца како седат сами дома-ќе каже Санде, кој од тој ден бил принуден да даде отказ од работа зашто немало кој да се грижи за малите додека тој во смени оди на работа.
-Се вратив од работа трета смена и ги најдов децата сами. Сопругата си заминала и ги оставила. Од тој ден морав да дадам отказ на работа за да не завршат во Дом за деца без родители-ќе каже Санде.

Денес тежината околу ова семејство од татко и три мали дечиња паѓа врз Санде. Но, очигледно е дека тешка е и обврската за 6 годишната Ванеса, која наместо да учи и ужива во детството мора да се грижи за двете помали братчиња, посебно околу 2 годишниот Лука. Таа го облекува и пресоблекува, таа го храни и му дава за пиење, таа му е и сестра и мајка во исто време.

А, очигледно најтешко за ова семејство е незивесноста за престојната зима, за која со оглед дека Санде не работи, не се знае како ќе набават дрва и храна, а поради сето тоа социјалните служби сакаат да ги дадат децата во згрижувачко семејство. Сепак, овој татко ќе каже ќе гребам и молам, до последна капка крв ќе се борам, но моите деца не ги давам и оставам на никој!!

Луѓето кои не сакаат –не сакаат во сите изданија и кога сме на пиедестал и кога сме во кал. Не треба да се губи вербата поради некој кој не ја знае суштината на животот. Животот им враќа на сите. И на крајот сваќаме дека ниту тие добиле, ниту ние сме изгубиле. Треба само да станеме, да се испалчеме, да ги избришеме солзите и да продолжиме понатаму. Макар и сами. Така се почнува од почеток, а животот кога тогаш ќе не награди, вели за Срце на Дланка.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Санде Андов тоа можете да го направите на неговата жиро сметка 210501612402628 или на неговиот телефонски број 075421998