Саша Поповиќ никогаш поостар кон неговите Ѕвезди на Гранд: Доаѓаат од сиромашни семејства, добиваат песна, а потоа не се ни јавуваат на телефон

Шоуто ,,Ѕвезда Гранда” со години е број еден на регионот, слободно можеме да кажеме дека е број еден музичко шоу, низ кое со години излегоа низа врвни пејачи.

Саша Поповиќ, естрадниот маги оничар како што многумина го нарекуваат и поранешниот директор на „Гранд“ продукција, гостуваше во една емисија каде отворено зборуваше за ѕвездите на „Гранд“ и нивното однесување кое следи набргу по големата популарност што ја добиваат во текот на натпреварот.

Саша преку талент шоу програмата направи ѕвезди од многу млади надежи, а како што истакнува, денес не знаат ни да се јават на телефон кога ќе им се јави.

– Ѕвездите на Гранд е чу до, тоа морам да ви го кажам, верувајте. Кога ќе дојдам да работам на аудициите и кога ќе се појават за прв пат, а тоа имавме можност да го видиме милион пати на телевизија, прв пат кога доаѓаат од којзнае кои места, села и слично многумина доаѓаат од сиромашни семејства.

Пример го тестирам за „Ѕвезде Гранда“, го поминува првиот круг, го поминува вториот, се тресе: Ај директоре, да го правам ова, да го направам тоа“

Стигнува до финале, проаѓа, добива песна, погледнете го, веќе стана популарен, сега почна да заработува, нели, по една година-две, го нема, не се ни јавува на телефон.

Откако ќе стане ѕвезда, веќе не можеш ни да разговараш со него – изјави Саша за Премиер и додаде дека секој втор пејач роден од продукцијата „Гранд“ е таков.