Сашо Тасевски: Во живот праг на било кој штаб немам пречекорено, ама веќе ме напишаа во тефтерот

Сашо Тасевски е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар, писател и колумнист, вработен во Драмскиот театар во Скопје.

Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други.

Во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар – Скопје. Пишувал сценарија за стрипот во неделникот Фокус и колумни за истиот весник, но и за други весници и интернет портали.

Познат е како човек кој нема влакна на јазикот и јасно ги изразува своите ставови на социјалните мрежи каде често е активен.

Тасевски беше гостин во емисијата Г Карпет каде отворено прозбори за тоа дали би прифатил одново да биде директор на Драмски театар, но и што ги учи неговите деца за иднината.

– Не знам искрено, може да може не, ама нема да ме стават, немам јас контакти партиски како што немав ни тогаш ама по силом прилика се поклопија некои коцки.

Тогаш стопати кажав ама више ме напишаа во тефтерот – јас во живот праг на било кој штаб на СДСМ немам пречекорено. Не бев ни во шарената рево луција, вели Тасевски.

Сашо Тасевски е татко на три деца – Калин, Каја и Кира, за што во една прилика изјави дека отсекогаш сакал три деца и тоа му се исполнило. Тасевски кажа на што ги учи неговите деца.

– Учете школо припремајте се на тој начин, учете и јазици, два на пример. Завршете такви факултети што можеш лесно да нострифицираш диплома и утре ќе си ја барате шансата на пазарот на труд низ светот.

Ова од сега им го зборам. Овде нема иднина, овде само може да пропаднат, нагласува актерот Сашо Тасевски.