Големо срце на Мухарем и неговата пекара: Ќе дава леб на тие што немаат

Голем дел од населнието за жал го нема ниту основното за да преживее и да опстојува, а животниот стандард станува се поскап.

Многумина сврзуваат едвај крај со крај, платитет стагнираат а цените на производите, оние основните за живот се се поскапи и недостапни за граѓаните.

Пред неколку дена зафати големо не време и поплави во Бихаќ, па многу семејства останаа отсе чени од секаков начин на функиционирање.

Не можат да дојдат до неопходните производи. Многумина го немаат и лебот како основен продукт за да се преживее и опстане.

Но за среќа има се уште хумани граѓани кој помагаат таму каде што е најпотребно. Станува збор за Мухарем Нерјовај кој со својата пекара ,,Хармани” одвојува леб за тие што им е неопходно.

– Денеска подготвивме педесетина леба за најран ливите категории. Големи делови од Костел, поточно на излезот од градот, како и Вакуф, беа силно по годени од поплави.

Достапни сме се додека е потребно, ќе помогнеме таму каде што треба – изјави сопственикот на оваа пекара Мухарем Нерјовај.

– Во текот на денот ќе дојдат луѓе во нашата пекара за да подигнат храна за луѓето кои не можат да излезат од своите домови. Пекарата е достапна за сите погодени од овие елементарни непогоди – изјави сопственикот на пекарата „Хармани“.