Се зголемува цената за Македонците при поднесување за германска виза, но и се зголемува шансата да ја добиете – познати сите промени за аплицирањет

Почитувани заинтересирани за Германија, Дојде време: на почетокот на септември поднесувањето на виза ќе биде пофлексибилно и покомфорно! Најпрво тоа се однесува на барањата за таканаречената виза за Западен Балкан, значи виза со цел стекнување на работа за неквалификуван кадар во Германија.
Од септември 2023 г., за примање на барања за виза, Амбасадата ќе соработува со надворешниот вршител на услуги ВизаМетрик ДООЕЛ, веб-страна: https://www.visametric.com/Macedonia/Germany/mk

Новата постапка функционира на овој начин:

По постапката за лотарија и известувањето од страна на Амбасадата, подносителите на барањето во иднина ќе добијат дополнителен мејл од ВизаМетрик со барање преку посебен линк да си резервираат индивидуален термин по желба. Доделувањето на фиксни термини отпаѓа.
Барањата во иднина нема веќе да се поднесуваат во Амбасадата, туку исклучиво кај нашиот надворешен вршител на услуги ВизаМетрик (Visa Application Center – VAC, локација)

Новата постапка им оди во прилог на сите сериозни интересенти, бидејќи на овој начин термин за поднесување на барање резервираат само тие што навистина сакаат и можат да поднесат барање. Моментално секој месец преку 20% од термините што ги доделува Амбасадата не се искористуваат. Подолгото време на чекање што се создава поради тоа во иднина ќе се избегне.

При поднесувањето на барањето во ВизаМетрик, подносителите на барањето имаат можност да одберат и други сервис-услуги за кои се плаќа надомест, на пр. правење на фотографии за пасош на лице место или копирање на документи.

На веб-страната на ВАЦ може да најдете преглед за различни дополнителни услуги.

Освен таксата за виза што актуелно изнесува 75 евра, во иднина настануваат и дополнителни трошоци од 37.50 евра за услугата на ВизаМетрик, кои треба да се платат непосредно по онлајн-резервацијата на терминот со банкарска уплата или дознака во македонски денари.

Обработката и одлуката за Вашите барања за виза и понатаму ќе се одвива исклучиво преку Амбасадата. Истото важи и за месечните листи на чекање за термин како и изборот на подносители на барање по пат на лотарија што се спроведува во Централата на Министерството за надворешни работи во Берлин. Задачите на надворешниот вршител на услуги ВизаМетрик ДООЕЛ се ограничуваат само на примање на барањата и враќање на пасошите согласно одлуката што ја донела Амбасадата.

Ме радува што на овој начин визната постапка во иднина можеме да ја водиме пофлексибилно и поефикасно во Ваш интерес! Со почит с.р. Дрекслер