„Визер“ реши да ги изненади патниците: Побрзајте, билетите само денес со голем попуст

Најбрзо растечката и најеколошки одржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво, Визер денес реши да ги изненади патницие.

Имено „Визер“ најавува попуст од 10% на избрани летови во својата мрежа. Билетите се достапни само денес, 6 јули, за патниците на WIZZ кои сакаат да патуваат на или пред 30 септември 2023 година.

„Визер“ нуди широк спектар на рути по ниски цени до најатрактивните дестинации во Европа, како што др од Скопје до Maлта, Бoлоња, Базел-Мулхаус или шведските градови Стокхолм и Векше.

Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација. Подарете си себеси, на вашето семејство или пријателите изненадување и полетајте на топло место, повторно посетете го вашиот омилен град или започнете нова авантура!

Со својот 6-ти авион што ќе биде доделен на базата во Скопје до крајот на 2023 година, Визер ќе понуди зголемени фреквенции на постоечките линии и ќе започне со работа на две нови дестинации од главниот град на Северна Македонија.

Патниците ќе можат да патуваат за Љубљана од 27 септември, два пати неделно и три неделни лета од 31 октомври, а за Луксембург од 18 декември, со три неделни лета.