Започнаа да пропаѓаат голем број компaнии и во Германија – позната бројката само за еден месец

Остриот пораст на цените на енергијата доведе неколку стотици компании во банкрот во август во Германија, предупреди економскиот институт.

Исто така, банките очекуваат значително поголем износ на нефункционални кредити во наредната година.

Во август стечај се пријавиле 718 фирми, четвртина повеќе од лани, а институтот проценува дека иста стапка на раст ќе биде забележана и во септември.

Во октомври може да се искачи на 33 отсто, ако се спореди бројот на стечајци со истиот период лани, проценува институтот.

„По долг период на мал број на банкротирани компании, трендот се промени“, рече Стивен Милер.

Германското стопанско здружение БДИ предупреди на „голема рецесија“.

Во истражувањето спроведено меѓу 593 бизниси, повеќе од една третина од нив изјавиле дека им се заканува неуспех поради високите цени на енергијата.

Во февруари, кога почна вој ната во Украина, ваква проценка дадоа 23 отсто од нив.

Истражувањето на водечките кредитни институции во август покажа дека нефункционалните кредити во Германија следната година ќе пораснат на 37,6 милијарди евра, од 31,9 милијарди оваа година.

Дел од експертите предупредуваат дека не треба да се извлекуваат погрешни заклучоци од бројките кои покажуваат зголемување на бројот на стечајци.