Томислав: Малку ми е плата од 3.500 евра, размислувам да се иселам

Со основната плата како лекар, не можам да имам квалитетен живот“, се пожали психијатарот на КБЦ, Томислав Франиќ во Сплит, додавајќи дека платата од 3.500 евра, која се споменува во хрватското здравство, треба да биде почетна плата за специјалист без никакви додатоции прекувремена работа и дежурства.

Како што изјави во гостувањето на телевизија, во една прилика имал шанси пола година да работи во Даблин, Ирска.

– По 37,5 часа неделно, после еден месец видов чек од 9.500 евра – рече и продолжи:

Тој опиша и како изгледа неговиот ден. Како што вели, вчера наутро пристигнал во болница, дежурирал 24 часа, а утрово дошол во Задар каде работел половина смена бидејќи таму нема психијатар.

– Со основната плата како лекар не можам да имам квалитетен живот – вели тој и додава дека професијата лекар е исклучително стресна.

– Не е лесно да имате нечие срце во рака за време на операција, уште полошо е некому да му кажете дека детето му загинало во несреќа. Секое патување со брзата помош е стресно затоа што не знаеш што ќе те сретне таму… – изјави Франиќ.