Се огласи мајката на убиецот на 2-годишната ќерка: Јас лично ќе го средев и одлежев мојот роден син

На таткото од Кичево што ја претепал до смрт сопствената 2-годишна ќерка му се заканува затвор од 10 години до доживотен затвор.

– Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди, скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. – велат од ОЈО.

Девојчето во коматозна состојба била однесена прво во кичевската болница од нејзината мајка, но поради критичноста оттаму била веднаш препратена на скопските клиники. По 22 дeна борба за живот девојчето починало на Клиниката за неврохирурија на 08 јануари.

Тој има уште шест деца кои живеат во куќа од едвај 10 метри квадратни.

На само 20 метри од кобното место, односно домот на убиецот живеат неговите родители, а неговата мајка порача:

-Да ми беше Фатмир сега тука јас ќе го средев, ќе го одлежев. Сопствениот син ќе го одлежев, ама за овие деца што останаа сега многу ми е тешко. Ве молам, не можам ни да зборувам повеќе, ова е ногу лоша работа, изгоров, вели за ПорталиХ