Симеон, синот на Есма со зборови кои тежат тонови на денот кога пред шест години остана без мајка си

Kралицата на ромската музика и македонски амбасадор ширум светот, Есма Реџепова остави значаен белег, кој од општ впечаток може да се каже дека доволно не се почитува и цени.

Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Таа пред се беше голем човек, хуманист кој помагаше на секаде каде ќе беше потребно, но сега сведоцит сме што се случува со нејзиното дело и тоа што е оставено од неа.

Во медиумите често се огласува нејзиниот син, Симеон Атанасов кој се залага нејзиниот лик и дело, како и она што го остави да излезе на виделина.

Симеон како што е познато пред извесно време реши да се исели од Македонија, а денес на денот кога остана без мајка си се огласи на фејсбук каде напиша:

Шест години без тебе, без твооите зборови: мило, пиле, ако имаш две едно подели…

Како што вели твојата песна “Горе во рајот” , јас знам дека си таму, затоа што тоа е вистинското место за мајка како тебе. Поч ивај во мир мајко моја