Скопјанката Алтана работела во Апелационен суд, а сега за да преживее работи позади МТВ со најстариот занает

Пред десетина година била хигиеничарка во Апелациониот суд, но судбината ја остава на улица без кров и никакви приходи.

Па така 61 годишната Алтана сега е сексуална работничка која за леб се бори нудејќи услуги околу судската палата и Македонската Национална телевизија, пренесува Алфа Тв.

Тука заедно со околу 20 жени ги чекаат муштериите за кои вели дека обично се млади. Таа нема посредник, но за останатите жени вели дека често ги гледа со исти мажи, а муштерии имаат секоја вечер.

Поради нејзината возраст нема работа, но не е така за останатите кои стојат до нејзе.

За два часа екипата на Алфа регистрираше најмалку 15 различни возила кои кружеа околу палатата, позади телевизијата, преку бензиската до кејот на Вардар и Младински културен центар.

Алтана наплаќа 600 денари. Муштериите се млади и секој ден се тука. Невладиниот сектор кој се занимава со човекова права со години во земјава бара декриминализација на сексуалната работа како и овозможување на здравствени и социјални права.

Властите во Македонија се глуви за ова прашање иако според невладината ХОПС во земјава има околу 200 сексуални работнички.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.